Вишни во алкохол
Свежи вишни, тип “Облачинска“, во 80% алкохол.
По миењето и внимателно прегледување, свежите вишни се калибрираат во милиметар, а потоа се ставаат во пластични буриња наполнети со алкохол. Стандардните буриња имаат капацитет од 120 литри, но други големини може да бидат достапни по барање на купувачот. Односот помеѓу вишни и алкохол може да се дефинира поединечно, но вообичаениот сооднос е 92 кг свежи вишни во 36 литри алкохол. Секое буре се мери поединечно, затоа нема варијабилност на тежината. Јачината на алкохолот може да биде по желба и барање на купувачот .
Калибри
Достапните димензии се:
- Под 13 мм
- 13 до 13.9 мм
- 14 до 14.9 мм
- 15 до 15.9 мм
- 16 до 16.9 мм
- Над 17 мм
Други димензии може да бидат достапни и може да се подготват по барање на купувачот
Рекалибрација
По процесот на осмоза, црешите можат да ја променат големината, Фруктана прави и рекалибрација. Во текот на овој процес црешите се одвојуваат од сокот, се врши увид и проверка уште еднаш на контролна лента, а потоа се врши калибрација.. Фруктана може да им ја понуди оваа услуга на своите клиенти, а вишните во алкохол може да се продаваат со или без рекалибрација.
Пакување
Вишните во алкохол обично се пакуваат во пластични буриња од 120 литри, или 160 литарски пластични буриња, но може да се пакуваат и во друг вид пакување по барање на купувачот.
Четири 120 литарски пластични буриња 120 се ставаат на дрвена евро палета, а потоа се обвиткуваат со заштитна стреч фолија.
Најчесто еден камион се товари со 45 палети(од кои некои на две нивоа) или 180 буриња.