Сертификација


Компанијата има имплементирано и сертифицирано систем за безбедност со храна ISO 22000:2018 кој, еден од највисоките стандарди за безбедност на храната и управување со компанијата. Стандардот е сублимат на ISO 9000, и принципите на стандардот HACCP односно во превод Анализа на опасности и критични контролни точки.. Стандардите кои Фруктана ги има имплементирано се Сертифицирани од страна на сертификационо тело: TUV NORD која е една од најраспространетите агенции за сертификација во светот.

Фруктана, исто така, неодамна започна со имплементација на Интернационалниот Стандард за Храна “The International Featured Standard“ (IFS). IFS е глобална иницијатива за безбедност на храната (GFSI) репер стандард за производителите на храна, трговците на големо, дистрибутерите на храна, агенти, и брокери. IFS се однесува на безбедноста на храната и управувањето со квалитетот на производите во: Производство на храна и состојките употребени во производството на храната. Стандардот за храна IFS строго ги надгледува и контролира производите и производните процеси за да ја оцени способноста на производителот на храна да произведува безбедни, автентични, и квалитетни производи според законските барања и спецификациите на клиентите.

Ги поддржува бизнисите во исполнувањето на зголемените барања за транспарентност и следливост на пазарот и придонесува за подобрување на производите…